Skip to main content

Опасната страна на USB

Не може да се каже од каде доаѓа опасноста

 |  инфодеск  | 

Откриен е начинот со кој се служеле бројни хакери кои ги хакираат компјутерите, мобилните телефони и останатите уреди кои имаат USB влез.

Хакерите можат да инсталираат малигни софтвери на ефтини компјутерски чипови и со нивна помош да ги контролираат функциите на USB уредот кој нема вградена заштита.

“Не можете да кажете од каде доаѓа вирусот. Тоа е скоро како магија”, вели Karsten Nohl, научник од берлинската SR лабораторија.

Истражувањата покажуваат дека се уништуваат ситни електронски компоненти кои се невидливи за просечен корисник на компјутер, пишува MSN.

Такви напади се обиделе да стимулираат во лабораторија. Испишувани се малигни софтвери на контролните чипови на USB кое се користи помеѓу мобилните телефони. Откако бил приклучен USB влезот од смарт телефонот за компјутерот, малигниот софтвер можел да го набљудува и да ги уништува податоците.

“Компјутерите не можат да го детектираат тој малиген софтвер бидејќи анти-вирусните програми се дизајнирани да скенираат софтвери кои се наоѓаат само на меморијата, но не и во микрочиповите кој ги контролира функциите на другите уреди”, тврди Nohl.

Nohl вели дека не би бил изненаден дека агенциите како NSA користат вакви техники на хакирање. Што се би можело да се хакира со оваа нова техника, Nohl вели дека само небото е граница.

{loadposition content9}