Skip to main content

Франција: во операција против џихадистите уапсени осум лица

Осум лица се уапсени во Франција припадници на џихадистичка група

 |  инфодеск  | 

Осум лица се осомничени за членство во џихадистичка ќелија која праќала борци во Сирија и истите се уапсени утрово во Париз и Лион, изјавил францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazaneuve.

“Уапсените се сите во притвор а се осомничени за припадност на џихадистичка ќелија која организирала регрутирање и праќање војници во Сирија”, рекол министерот.

По извори блиски на случајот, станува збор за седум мажи и една жена по потекло од Турција. “Три лица биле во Сирија и оттаму се вратиле во декември”, истакнал изворот.

Министерот Cazaneuve нагласил дека до апсењето дошло по апсењето на, исто така, пет лица на југот од Франција пред една седмица кои исто така биле припадници на џихадистичката мрежа за Сирија.

Во џихадистичките напади кои ја завија во црно Франција, премиерот Manuel Valls рекол дека антитерористичките служби мораат да набљудуваат 3.000 лица осомничени за учество во џихадистичките групи.

{loadposition content9}