Skip to main content

Оргии на НАТО самитот во Лисабон?

Додека некои од светските лидери расправале за продолжување на противракетниот штит а други за подобра соработка со Русија, Грузијците и Ерменците го искористиле НАТО самитот во Лисабон за журка со 80 проститутки.

 |  Маја Савиќ  | 

orgii
За скандалот прв јави португалскиот весник Coreeio da Manha, кој објави дека проститутките биле прошверцувани во еден од најлуксузните лисабонски хотели, како претставнички на грузиските и ерменски амбасади. Забавата наводно им ја расипал Николас Саркози, кој се пожалил на вревата.

Грузискиот државен министер за европски и евроатлански интеграции Гиорги Барамидзе, ја отфрлил веста како глупост и одбил да даде коментар, но опозицијата побарала да се отвори истрага околу инцидентот.

Тамошните медиуми се убедени дека Русија му платила на португалскиот весник да ја објави веста, но притоа не го негираат фактот дека контроверзната забава навистина се одржала.

Откако некои од медиумите открија дека проститутките дошле во хотелот Тиара, менаџерите веднаш ја демантирале веста, велејќи дека обезбедувањето е толку силно, што дури ни птица не може да прелета.
{loadposition content9}