Ќе остане ли Рим без Колосеум?
Изградбата на нова метро станица може да биде крај за Колосеумот.
На Колосеумот, една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“.
Според зборовите на претседателот на ова здружение, Карло Рипа ди Меане, поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат.
Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот, доколку тоа претходно не го направи началникот на Националниот археолошкиот завод за заштита на споменикот.
Според плановите на властите, на само неколку десетина метри од Колосеумот, треба да почне ископување на тунели на длабочина од 50 метри.
Работите би требало да траат до 2020 година.
{loadposition content9}