Skip to main content

Оставка заради гаф

Кога и нашите министри би ја практикувале јапонска навика да поднесуваат оставка дури и кога само ќе се пошегуваат, веројатно до сега сите ќе имавме шанса да бидеме министри.

 |  Маја Савиќ  | 
Japonija parlamentОбраќајќи им се на своите гласачи од изборната единица во Хирошима, Минору Јанагида рекол дека доволно му е да знае наизуст само две реплики кои може да ги искористи секогаш кога ќе биде прозван во Парламентот. Едната е “Нема да коментирам за одделни случаи” а другата “Делувам во согласност со законот и доказите”.

По еднонеделна жестока расправа, во која конзервативците од опозицијата упорно барале негова оставка, министерот свикал прес конференција, на која ја известил јавноста дека се повлекува од должноста. За својот гаф бил прекорен и од премиерот Наото Кан, кој во моментов се соочува со драстичен пад на рејтингот.

Заминувањето на Јанагида доаѓа во многу лошо време за Кан, кога тој се обидува да добие согласност од Парламентот за пакет помош за оштетената економија, вреден 61 милијарда долари.

“За да не го попречам одобрувањето на дополнителниот буџет, одлучив да си дадам оставка. Мојот коментар требаше да биде шега, но бев многу невнимателен и жалам заради тоа”, изјавил Јанагида.

Многумина јапонски политичари до сега биле сменети заради непромислени коментари. Еден од нив е поранешниот министер за туризам, кој си дал оставка само 4 дена откако бил назначен на функцијата, затоа што јавно изјавил дека Јапонците не сакаат странци.
{loadposition content9}