Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца. Kако дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, ќе се одржи првиот светски самит на Обединетите нации на 7 и 8 ноември во Богота. Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца, а Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата. Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека во Англија и Северна Ирска сè уште е дозволено.