Експлозија на метан
Осум рудари загинаа во рудникот Соко
Во рудникот Соко во близина на Сокобања се случи експлозија на метан од која се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени. Според првите информации загинати се осум лица, а над 20 се повредени.
Осум рудари загинаа, а околу 20 се повредени во експлозија на метан во рудникот „Соко“ кај Сокобања.
Синоќа се случи несреќа во рудникот, но засега не можеме ништо да кажеме. Во тек е спасувачка операција. Обраќање ќе има подоцна – потврди за Информер директорот на рудникот Соко, Драго Милинковиќ.

Од Брзата помош Алексинац потврдиле дека испратиле четири екипи да ги згрижат повредените. Несреќата се случила утрово околу пет часот.
Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ за РТС изјави дека повредените рудари се со полесни повреди.


