Skip to main content

Уапсени шест лица

Откриен тунел за дрога меѓу Калифорнија и Мексико

Најголемиот тунел за шверц на дрога е откриен меѓу Калифорнија и Мексико. Уапсени се шест лица. Погледнете како изгледа внатрешноста!
 |  инфодеск  | 
Тунел за дрога Калифорнија Мексико

Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, со должина на фудбалски терен, а има и струја, вентилација, шински систем, зајакнати ѕидови, oбјави Гардијан.

Утврдено е дека тунелот води до складиштето до индустриската зона на американско тло.

Тунел за дрога Калифорнија Мексико

Тунелот се наоѓа на 800 метри од граничниот премин Отај Меса, меѓу Тихуана и Сан Диего.

Откако ја надгледувале куќата што до неодамна е користена како „кутија“ за дрога, американските агенти почнале да запираат возила во близина на складиштето. Пронашле кутии полни со кокаин.

Тунел за дрога Калифорнија Мексико

Запленети се 799 килограми кокаин, 75 килограми метамфетамин, 1.6 килограми хероин од запрените возила и „кутијата“. Уапсени се шест лица.

Од 2006 година, американските власти открија 15 иновативни тунели на границата со Мексико.

Тунел за дрога Калифорнија Мексико