Во многу намирници кои секојдневно ги конзумираме е пронајдена хемикалија која го зголемува ризикот од заболување од рак. Станува збор за хемикалијата кја се вика акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржени компири, крекери, па дури и во некои видови на детска храна.
Овој опасен спој се создава со термичкото загревање при пржење на наведените намирници. На неа најмногу се изложени децата поради ниската телесна тежина.
Опасноста од акриламид сега го потврдила и агенцијата на Европската унија EFSA (Europian Food Safety Authority) која веќе предлага нови закони со кои ќе се спроведе надзор над прехранбената индустрија, пренесува Daily Mail.
Производителите на храна во Велика Британија се под голем притисок да ги сменат методите за обработка на храна, за да во процесот се создаде што помала количина на акриламид.
Акриламидот кој се конзумира орално, се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира по сите витални органи и таму се метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетска мутација и тумор кои се забележани во истражувањата кај животни, објаснува др. Diane Bedford која е на чело на EFSA и која ќе се занимава со истражување на акриламидот.
{loadposition content9}