Skip to main content

Откриена е тајната на Бермудскиот триаголник?

Вистината за исчезнувањето на бродовите се крие на дното од морето

 |  инфодеск  | 

Научниците пронашле кратери на дното од Баренцовото море кои се широки 800 и длабоки 45 метри. Тие претпоставуваат дека настанале благодарение на големите количини на метан, кој најверојатно дошол од брегот на Норвешка која е богата со гас.

“Метанот долго се таложел за да на крај експлодира оставајќи зад себе огромни дупки во централниот и западниот дел на Баренцово море” изјавил еден од научниците од Arctic University во Норвешка.

Подрачјето на кое се наоѓаат кратерите се потенцијален ризик по пловидбата на бродови во Баренцово море бидејќи станува збор за најголемото жариште на метан кој се ослободува во плитки води.

Научниците сметаат дека слична ситуација би можело да има и на подрачјето на Бермудскиот триаголник кој се наоѓа помеѓу Бермудите, Флорида и Порторико и на кое досега исчезнале десетици бродови, но и авиони.

Рускиот научник, Игор Јелцов, рекол дека Бермудскиот триаголник настанал како последица на реакција на метан.

“Овие реакции можат да бидат исклучително силни, како нуклеарните. Тоа придонесува на загревање на океанот и потонување на бродови во водите помешани со големи количини на гас”, заклучил тој, а пренесува Daily Mail.