Како што се ближи датумот на претставување на новиот модел (или новите модели) на iPhone, на интернет се објавуваат гласини за опциите на овој телефон па така веќе се знаат повеќето работи кои ќе ги има iPhone 6. Се очекува дека Tim Cook овој телефон ќе го претстави на конференцијата во Сан Франциско на 9 септември, а постои можност дека на истиот ден ќе го претстави и првиот phablet на Apple кои во кратко време би можел да го освои пазарот на хибридни уреди помеѓу телефон и таблет.
Последните информации поврзани за овие телефони се однесуваат на камерата и резолуцијата на екранот. Така, камерата на iPhone 6 ќе биде благо испакната помеѓу 0,67 и 0,77 мм. Исто така, се открива дека кодното име на iPhone 6 ќе биде N56, додека а phablet N61.
Што се однесва на екранот, сите гласини говорат дека дијагоналата на iPhone 6 ќе изнесува 4,7 инчи, а на phablet 5,5 инчи. Со оглед дека се зголемува дијагоналата сигурно е дека се зголемува и резолуцијата на екранот и новите информации објавени на страницата 9to5mac, говорат дека двата модела ќе имаат иста резолуција од 828х1472 пиксели.
Освен поголем екран, новиот модел на телефон на Apple ќе има и големи подобрувања под маската – нов и многу побрз А8 процесор, подобра графика, побрз LTE, поддршка за NFC и подобра камера со некои нови можности. Новиот iPhone 6 ќе работи на новата верзија на оперативен систем IOS8 која наскоро ќе биде достапна и за корисниците на постарите модели на Apple телефони.
Сите официјални информации ќе ги дознаеме на 9 септември, а дотогаш очекуваме објавување на нови гласини и фотографии на телефоните на Apple, но и додадтно зголемување на акциите на Apple, кои во исчекување на новите модели оборуваат рекорди.
{loadposition content9}