Откриени уште 35 мали пирамиди
Група француски археолози во Судан открија 35 пирамиди стари две илјади години кои иако се многу поскромни од славните египетски пирамиди, имаат голема историска вредност.
Група француски археолози во Судан открија 35 пирамиди стари две илјади години кои иако се многу поскромни од славните египетски пирамиди, имаат голема историска вредност.
Пирамидите се градени при крајот на постоењето на богатото кралство Мерое, меѓу 100-та и 200-та година пред Христа. Откриени се од страна на археолошката екипа предводена од Клод Рили на локалитетот Седеинги.
Некрополата со околу илјада гробници зафаќа површина од околу 40 хектари, а интересно е што некои пирамиди не се повисоки од еден метар. Изградени се од тули, а засега се откопани само една четвртина. На некои места биле густо поставени што меѓу нив не може да се мине, вели Рили.
Археолошките работи траеле изминатите три години. Местото Седеинги се наоѓа на околу 200 километри од египетската граница. Египетските пирамиди се постари од суданските, но суданските се побројни, се пошегувале француските археолози, додавајќи дека во Египет пирамидите биле посветени на фараоните, а во Судан, во помали димензии, можеле да ги „имаат и обичните смртници”.
Рили притоа изразил жалење што археолозите во гробниците успеале да пронајдат само мал број вредни археолошки предмети од тој период, имајќи предвид дека ограбувачите на археолошките наоѓалишта биле побрзи. Тој го посочува примерот со скелет од дете на возраст од четири до пет години на кој се најдени само четири синџирчињи и нараквици.
Северниот дел од Судан влегувал во составот на древниот Египет околу 500 години, до 1000-та година пред Христа.
{loadposition content9}