Историчарката Бевери Гејџ од Универзитетот Јејл пронашла нецензурирана верзија на прошталното писмо од FBI, кое било пратено до др. Мартин Лутер Кинг.
Наведеното писмо било обид на тогашниот шеф на FBI Едгар Хувер да го вознемири водачот на движењето за човекови права во САД, само неколку дена пред, Лутер Кинг, да ја добие Нобеловата награда за мир во 1964 година.
Содржината на писмото всушност било закана дека ќе се изнесат во јавноста неговите вонбрачни активности и го наговарале да си го одземе животот. “За тебе постои само еден пат. Подобро ти е да си го одземеш животот отколку јавноста да ја дознае твојата абнормална и валкана слика”, стои во писмото, кое го пренесува Daily Mail.
Кинг веќе бил замината за Норвешка кога стигнало писмото на неговата адреса, па го отворила неговата сопруга Корета.
Хувер го мразел Кинг до таа мерка што го класифицирал како најопасен и највлијателен лидер на црнците во САД. Писмото кое му го упатиле од FBI е пишувано на машина за пишување, а авторот се претставил како припадник на американската црнечка заедница. “Кинг, погледни во своето срце. Знаеш дека си измамник и голема закана за црнечката заедница”, стои напишано во писмото.
Писмото го напишал агентот од FBI Вилијам Саливен и во него намерно се правени грешки, за да биде поуверливо. Во писмото се барало Кинг да си го одземе животот во рок од 34 дена, односно денот кога требало да ја прими Нобеловата награда за мир.
{loadposition content9}