Откриено што се случило со телото на Адолф Хитлер
Ветеран на советската КГБ тврди дека информацијата за тајната локацијата на која тој лично го кремирал крвникот на 20 век ќе ја однесе со себе во гроб.
| Маја Савиќ | Свет
хитлер
Ветеран на советската КГБ тврди дека информацијата за тајната локацијата на која тој лично го кремирал крвникот на 20 век ќе ја однесе со себе во гроб
После 65 години од самоубиството на Адолф Хитлер во Берлин, се појави Владимир Гумењак личноста која ги уништила неговите посмртни остатоци, кој се заколнал дека никому нема да ја каже локацијата на гробот, пишува „Дејли Мејли“.
Единствено што е познато е дека гробното место се наоѓа во близна на градот Магденбург.
Гумењак е последниот жив член на тричлениот тим кој во 1970 година од тогашниот раководител на КГБ, Јуриј Андропов добил тајна задача да ги откопаат коските на Хитлер, неговата љубовница Ева Браун, како и остатоците на Гебелс и неговата фамилија.
Ветеранот на КГБ за руските медиуми има изјавено дека тој со неговиот тим ги кремирал остатоците од телата и потоа пепелта ја расфрлал во река.
„Локацијата ја одреди КГБ, никој немаше присутен таму, за дваесетина секунди се беше готово. Тоа беше последниот лет на фирерот“ изјавил Гумењак.
Според него не е соодветно да се открие точната локација, бидејќи постои опасност таа да стане култно место на денешните неонацистички организации.
Тимот на Гумењак кај реката се претставувале за риболовци и подигнале шатор врз местото каде претходно биле погребани коските на метар и половина под земјата во распаднат дрвен сандак.
По ископувањето тие ги запалиле коските, а потрошиле цел канистер со бензин за тоа. Гумењак лично ја расфрлал пепелта, а за настанот не разговарал со никого никогаш, тој не им кажал ниту на неговите најблиски.
{loadposition content9}