Skip to main content

Откритие кое е добра вест и за луѓето

И научниците се потполно изненадени од откритието

 |  инфодеск  | 

Научниците ја идентификувале генетската програма која предизвикува растење на ново ткиво откако гуштерот ќе ја жртвува својата опашка за да избега од предаторите. Ги одредиле гените кои се одговорни за регенерација на опашката, а откритието би можело да даде важни информации за тоа како да се регенерираат екстремитетите кај луѓето, пишува Huffington Post.

За потребите на студијата истражувачите одблизу проучиле 23.000 гени пронајдени во отсечени опашки на зелените гуштери. Откриле дека најмалку 326 гени на одредени места по должината на опашката биле вклучени за време на регенерацијата, што сугерира дека DNK има генетски рецепт за регенерација.

“Бевме потполно изненадени”, рекол коавторот на студијата, доктор Kenro Kusumi, професор на универзитетот во Аризона.

“Очекувавме дека целата регенерација ќе биде фокусирана во врвот на растечката опашка. Наместо тоа станиците беа поделени во различни “џебови”, вклучувајќи ги мускулите, рскавицата, р’бетниот мозок и кожата. А од таму станиците прераснувале во ново ткиво за да се формира опашката”, додал Kusumi.

“Регенерацијата не е инстантна постапка”, рекла коавторката Elizabeth Hutchins, апсолвентка на универзитетот, и објаснила дека за регенерација на гуштерот се потребни повеќе од 60 дена.

Истражувачите тврдат дека нивното откритие би можело да помогне да се отвори пат кон новите тераписки пристапи кај вродените аномалии и повреди на р’бетниот столб, а можеби и артритисот. Скоро сите 326 гени се присутни и кај луѓето.

{loadposition content9}