Skip to main content

Откритие кое би можело да ја смени картата на светот

Со децении се трагало по ова откритие

 |  инфодеск  | 

Наскоро на картата на светот можеби ќе се додаде уште еден океан, меѓутоа овој е скриен стотици километри под површината на земјата.

Новото истражување тврди дека скриениот океан е сместен во длабочините под земјината површина на околу 640 километри длабочина под Северна Америка. Скриениот резервоар, наводно е заклучен во плав кристален минерал, и може да содржи три пати повеќе вода отколку сите океани заедно на површината на земјата.

Доказите за постоењето на масивниот резервоар на вода ги пронашле истражувачите од универзитетот Northwest на чело со Steven Jacobsen.

Ова откритие би можело да помогне да се објасни од каде дошла водата на Земјата и како подземните води влијаат на поместувањето на карпите во земјината надворешна кора, пишува Huffington Post.

“Геолошките процеси на земјината површина како што се потресите и избивањето на вулканите се израз на она што се случува во внатрешноста на Земјата”, вели Jacobsen и продолжува – “Мислам дека конечно гледаме докази за комплетниот циклус на водата, што ќе може да помогне во објаснувањето за големите течни води на површината на нашата планета. Научниците со децении се во потрага по оваа длабоко исчезната вода”.

{loadposition content9}