Едукативна усанова за спонзоруши и мажи кои бараат такви жени за животно дружење, е отворена во Њујорк.
Професиналната “спонзоруша” Carla Abonia и нејзиниот ментор Alan Schneider во Њујорк отвориле училиште за жени кои бараат богати постари мажи кои финансиски ќе ги издржуваат, пишува metro.
“Ќе ве научам како да гледате на врската за да биде просперитетна и корисна за двете страни”, вели Abonia.
Оваа едукативна организација сака да ги научи учениците како да бидат успешни “спонзоруши” со помош на сексуалноста, разбирањето, дарежливоста, привлечноста и взаемноста.
Исто така, настава е отворена и за мажите кои сакаат да бидат со такви жени. “Не се работи само за секс, помагаме да откријат некаква искра, вистинска поврзаност, а многу парови и се венчаат”, вели Schneider. Тој додава дека нема срам во тоа мажот да е спонзор. “Такви врски се реални и моногамни како и многу други врски, а понекогаш и многу повеќе од други врски. Многу такви врски завршуваат со брак или се долгорочни”,заклучува Schneider.
{loadposition content9}