Ова е претседател!
Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа потпиша указ со кој ги замрзнува својата и платите на сите министри, пренесоа руските медиуми.
Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа потпиша указ со кој ги замрзнува својата и платите на сите министри, пренесоа руските медиуми.
Мерката им за цел да се намалат трошоците за издршка на шефот на државата и на целата извршна власт, се посочува во указот, објавен во неделата во Кито.
Платите на претседателот, вицепретседателот и министрите нема да бидат зголемувани во следните две години.
-Ајде да ги убедуваме луѓето со конкретен пример, рече Кореа пред своето најблиско опкружување при потпишувањето на документот.
При доаѓањето на власт во 2007 година платата на шефот на државата беше 8.000 долари месечно, но тој веднаш одлучи двојно да ја намали. На крајот, меѓутоа, платите беа индексирани и со оглед на сите промени денеска еквадорскиот лидер добива под 7.000 долари месечно.
Според законот, неговата плата не може да ја надминува минималната плата за повеќе од 25 пати, додаваат агенциите.
{loadposition content9}