Skip to main content

Пад на Владата на Франција, се очекува францускиот премиер да си поднесе оставка

Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари.
 |  инфодеск  | 

Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари, објави Њујорк Тајмс.  Барние е најочигледната жртва на поларизираната политика во Франција, коментира изданието. Светските медиуми коментираат дека се очекува денеска да поднесе оставка до францускиот претседател Емануел Макрон, откако вчера Долниот дом на парламентот на земјата изгласа недоверба на неговата влада.

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен по падот на владата изјави дека притисокот врз Макрон расте, но дека таа не бара негова оставка, нагласувајќи дека само тој може да одлучи за тоа.

Ова е првпат од 1962 година француската влада да падне поради гласање недоверба.Тогаш беше соборена владата на Жорж Помпиду, додека претседател на земјата беше Шарл де Гол. Со денешното гласање недоверба, кабинетот на Барние стана влада со најкраток век од која било администрација на Петтата француска република, која започна во 1958 година. 

Фото: rte.ie