Пад на светската цена на нафтата
Цените на нафтата се намалија бидејќи инвеститорите се фокусирале на позитивните податоци за економскиот раст на САД.
Цените на нафтата се намалија бидејќи инвеститорите се фокусирале на позитивните податоци за економскиот раст на САД.
Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поевтини за 10 центи на 99,22 долари за барел, додека иста количина од северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 111,67 долари, што е намалување од десет центи.
„Минатонеделните податоци за силниот раст на бруто домашниот производ на САД влијаеја на падот на цените на нафтата“, рекол Џезмонд Чуа, пазарен аналитичар.
Американското министерство за трговија објави дека економијата на САД во третиот квартал оствари раст од 4,1 наместо претходно предвидените 3,6 отсто.
{loadposition content9}