Skip to main content

Видео: Падна авион на TransAsia Airways во Тајпеј

Авионот превезувал 58 патници и 5 членови на екипажот

 |  инфодеск  | 

Патнички авион од типот ATR-72-600 се урна веднаш по полетувањето од аеродромот Songshan во Тајпеј – Тајван во 10.45 по локално време.

Кинеската информативна агенција Xianhua наведува дека најмалку 15 лица загинале, а повеќето од патниците биле Кинези.

Авионот се срушил среде градот, а делови паѓале по патот за да најпосле падне во река, само три минути по полетувањето.

Во тек е спасувањето на патниците а пожарникарите потврдиле дека досега успеале да спасат десетина лица од кои 18 лица се повредени и дека по 31 лице се трага. Како што напредува спасувањето овие бројки се менуваат. Во спасувањето учествуваат 170 спасувачи.

Срушениот авион е стар една година, а пилотот имал 5.000 часови летање, додека копилотот 7.000 часови. Тајванската агенција CNA известила дека авионот ја имал поминато комплетната проверка на 26 јануари, но не ги наведува можните причини за несреќата.

{loadposition content9}