Skip to main content

Паднаа акциите на повеќе европски банки

Меѓународните банки го минаа викендот пресметувајќи колку пари загубиле во најновиот финансиски скандал во Соединетите Држави. Се претпоставува дека неколку европски банки загубиле помеѓу една и три милијарди долари.

 |  Крсте Голабовски  | 
banka
банка
Меѓународните банки го минаа викендот пресметувајќи колку пари загубиле во најновиот финансиски скандал во Соединетите Држави. Се претпоставува дека неколку европски банки загубиле помеѓу една и три милијарди долари.

Се уште постои чувство на мистерија околу пропаста на инвестицискиот фонд Бернард Мадоф. Првичната реакција на инвеститорите беше шок и неверување дека некој фонд можел да загуби и до педесет милијарди долари, без да биде забележан.

Меѓу оние кои загубија се финансискиот оддел на Џенерал Моторс ЏИ МАК, како и европски банки, како ЕЈЧ ЕС БИ СИ, која можеби загуби една и пол милијарда долари. ЕЈЧ ЕС БИ СИ е една од малкуте британски банки која засега ја избегнува хипотекарната криза, без да побара помош од владата.

Шпанската Сантандер, сега една од најголемите банки во Европа, можеби загубила три милијарди долари. Кралската банка на Шкотска, која беше спасена со пари на даночните обврзници, би можела да е покуса за половина милијарда долари. Се стравува дека јапонската банка Номура загуби околу 330 милиони долари.

bankaАмериканските истражни органи сега веруваат оти Мадоф можеби раководел со бизнисот загубар напоредно со неговите регуларни фондови. Но тоа не било регистрирано и можеби не било лесно да се забележи.
Една од најпознатите фигури во лондонскиот финансиски свет Никола Хорлик од Брамден Асет Менаџмент, вели дека аферата отвора нови прашања за начинот на кој банките управуваат со нивните фондови.

„Луѓето се екстремно загрижени околу начинот на кој банките се однесуваат. Тие се раширија премногу, позајмија премногу пари на погрешни луѓе. Аферата е уште еден пример за тоа. Каде е тука контролата, кога тие банки му позајмувале пари на Мадоф? Зошто толку големи банки како ЕЈЧ ЕС БИ СИ и Сантандер се изложиле на вакво нешто без да проверат каде им одат парите?”

Хорлик зборуваше и за обемот на скандалот: „Ова е веројатно најголемиот финансиски скандал во историјата на пазарот. Педесет милијарди – само за споредба, се сеќавате на големиот скандал од почетокот на годинава, кога француски брокер од Сосиете Женерал загуби седум милијарди. Тоа беше голема работа. Педесет милијарди се огромна сума пари.”

 

 

{loadposition content9}