Skip to main content
Авг 12, 2016

Турскиот претседател одлучи да ги гони сите кои не му се покорија


Апр 22, 2010

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е обвинет за сквернавење, откако доби причест за време на погреб во Милано, пишуваат денеска весниците „Тајмс“ и „Дејли телеграф“.


Апр 22, 2010

Американски исламисти ги предупредија двајцата автори на анимираната серија „ Саут парк“ дека им се заканува смрт поради, како што тврдат, навредливиот начин на кој во љубилејната 200-та епизода го прикажале пророкот Мухамед.


Апр 21, 2010

Недоволно прецизните компјутерски софтвери претерале со опасноста од вулканскиот пепел што го парализира воздушниот простор на Европа. Со тоа направиле штета од стотици милиони евра, пишува британскиот весник “Фајненшел тајм“.


Апр 21, 2010

Прво побегна од главниот град сред крвавите протести и објави дека никогаш нема да се предаде, потоа си даде писмена оставка и избега  во Казахстан, за на крајот повторно да се спакува и да замине за Белорусија, од каде сега порачува: “Оставката не важи, ќе бидам претседател на Киргистан сè додека не умрам”.


Апр 20, 2010

Околу 2.000 млади од различни религии денеска ќе учествуваат во маршот на улиците на Москва под мотото „Исламот против теророт“, соопштија од политичкото движење „Наши“, а пренесуваат руските агенции.


Апр 20, 2010

Германската служба за контрола на воздушниот сообраќај ја продолжи забраната за летови до 12 часот по Гринич денеска, но авиокомпаниите користат „задна врата“ во законот и ја заобиколуваат забраната.


Апр 19, 2010

Австралиско-британски пар заробен во Дубаи поради блокадата на авиосообраќајот во Европа, се венча преку интернет. Младенците на една страна од веб-камерата а од другата страна матичарот и гостите.