Skip to main content
Авг 24, 2011

Траги од токсични хемикалии штетни за природната средина и човечкото здравје се утврдени во облека која ја произведуваат 14 врвни произведувачи, потсетила денеска организацијата “Гринпис“.


Авг 24, 2011

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД .Епицентарот на земјотресот бил во Вирџинија но се почувствувал и во Торонто – Канада. Белата куќа, Пентагон и Капитол хил веднаш беа евакуирани.


Фев 28, 2022

Клучното прашање на преговорите за украинската страна е да се постигне итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи од украинска територија, објави канцеларијата на Зеленски во почетокот на мировните преговори во Белорусија. Украинска делегација утрово пристигна на украинско-белоруската граница за да учествува во преговорите со руската делегација.


Авг 22, 2011

Цел Триполи, освен упориштето на Гадафи, Баб ел-Азизи, е под контрола на бунтовниците. Иако се претпоставуваше дека локалното население во главниот град главно го сочинуваат симпатизери на Гадафи, илјадници луѓе излегле на плоштадот да го поздрават доаѓањето на бунтовниците.


Авг 22, 2011

Малолетните манекенки се се’ почеста тема на жестоки расправи. Последен е случајот со 16 – годишната Хејли Клосон.


Авг 20, 2011

Непознат човек со нож ранил десет лица на белградскиот фестивал Бир фест. Во други инциденти на собирот повредени се уште најмалку осум лица.


Авг 19, 2011

Најмалку 5 луѓе загинаа a над 70 се повредени по уривање на сцените на музички фестивал во Белгија, на кој требаше да настапат Foo Fighters, Eminem, The Offspring и 30 seconds to Mars.


Ное 21, 2016

„Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“