Медоф задоволен од пресудата
Творецот на најголемата финансиска пирамида во светот Бернард Медоф, кој беше осуден на 150 години затвор, нема да ја обжали пресудата на судот.
Остатоците од францускиот Ербас ќе бидат пренесени во Тулуз
Деловите од авинот на „Ер Франс“ кој на 1 јуни се урна во Атлантскиот Океан во Франција ќе бидат пренесени на 14 јули.
Русите претставија нов патнички авион
Авионот е конкурентен на најголемите светски производители Boing и Airbus
Прислушкувани холандски новинари
Најголемиот холандски весник „Де телеграф“ поднесе обвинение против Владата поради наводно прислушување четворица новинари од тој медиум. Судскиот процес ќе почне на 16 јули.
Светската криза го зајакна организираниот криминал
Светската финансиска криза му понуди на организираниот криминал единствена можност да се врати во глобалниот банкарски систем од каде беше отстранет со мерките воведени по нападите на 11. септември 2001 година.
Тридневна средба на врвот на Г-8 во Аквила
Светската економска криза и реформата на финансискиот систем, енергетска сигурност, неопходноста од мерки против климатските промени и кризата во Иран ќе бидат во центарот на вниманието на тридневната средба на Г-8.
Штајнмаер ќе го замени Солана
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер од Социјалдемократската партија е еден од можните кандидати за местото висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, бидејќи Хавиер Солана во октомври заминува од функцијата, тврди германски „Велт“.
Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Кина
Стотици Ујгури ги продолжија протестите на улиците на Урумчи, главниот град на автономниот регион Синџинг Ујгур, во западниот дел на Кина во знак на протест поради вчерашното апсење на повеќе од 1.400 луѓе.