Главните кандидати за Белата куќа сѐ поблиску до номинација
Њујоршкиот милијардер славеше голема победа во матичната држава
Највлијателни луѓе во светот се Обама, Ху и Саркози
Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“.
Ив Лотерм не се враќа на функцијата премиер на Белгија
Белгискиот премиер во оставка Ив Лотерм ја исклучи можноста повторно да ја преземе функцијата, наведувајќи дека прво сака „да го исчисти своето име и авторитетот на својата екипа од секакви сомнежи“.
ММФ ќе ја заврши годината со добивка
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја заврши тековната 2008-2009 година (која завршува во април следната година) со добивка, а не со дефицит, како што претходно планираше.
Снежни бури во САД стотици илјади лица оставија без струја и предизвикаа хаос на аеродромите
Снежни бури оставија без електрична енергија над 200.000 потрошувачи во централниот дел на САД и предизвикаа хаос по аеродромите во државата Њујорк.
Пахор и Санадер подготвени да најдат решение
Словенечкиот премиер Борут Пахор доцна синоќа предложи да се сретне со својот хрватски колега Иво Санадер со цел да бидат деблокирани преговорите за приклучување на Хрватска кон ЕУ во првата половина на 2009 година.
Парламентот на Луксембург ја одобри евтаназијата
Парламентот на Луксембург го изгласа оспоруваниот предлог закон за евтаназија, на кој се спротивставуваше Големиот војвода Анри со поддршка од папата Бенедикт Шеснаесетти и кој ја разбранува јавноста.
Запленети 34 милиони лажни лекови во ЕУ
Вкупно 34 милиони илегални лекови и хемиски производи кои служат за производство на дрога, запленија цариниците во Европската унија (ЕУ) за период од два месеци.