Американските гласачи ги решаваат претседателските избори
По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, денес во САд конечно се гласа.
„Дојче Банк“ тврди дека не и треба помош од германската Влада
Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор.
Белата куќа ќе мора да ги достави на суд документите за прислушкувањата по терористичките напади на САД
Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш ќе мора да му достави на федералниот суд документи поврзани со прислушкувањата на националните разговори, кои Владата ги спроведе по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, одлучи судијата Хенри Кенеди.
OLO – прв минијатурен 3D принтер за телефон
Во принтерот се става паметниот телефон, а на екранот 3D моделот на предметот кој сакате да го направите
„Моторола“ планира да укине 3.000 работни места
Американскиот производител на телекомуникациска опрема „Моторола“ во рамките на новата реорганизација планира да укине 3.000 работни места, што претставува намалување на работната сила за 4,5 отсто.
Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер ја потресе денеска Папуа Нова Гвинеја, но засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Ноќ на вештерките
Време е за издлабени тикви и страшни маски. Во САД и во други делови на светот денеска се празнува ноќта на вештерките или халуин, со кој Келтите некогаш одамна го означуваа крајот на жетвата.
Американ експрес ќе отпушти 7.000 вработени
Американската компанија за кредитни картички „Американ експрес“ ќе отпушти десет проценти од вработените во компанијата, односно 7.000 вработени.