Најмалку девет убиени во оружениот инцидент во финското училиште
Според најновите информации, најмалку девет лица се убиени во денешната престрелка во училиште во финскиот град Каухајоки. Претходно беше јавено дека полицијата го фатила и разоружала напаѓачот.
Генералното собрание на ОН усвои декларација за Африка
Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска усвои политичка декларација посветена на Африка, со која светските лидери се обврзуваат на овој континент да му помогнат во намерата до 2015 година двојно да ја намали сиромаштијата и неписменоста.
Едно лице загина во напад на ЕТА во Северна Шпанија
Едно лице загина, а петмина беа повредени во нов терористички напад извршен синоќа од баскискатаа сепаартистичка организација ЕТА во Северна Шпанија.
Видео пренос по пат на Facebook е достапен за сите
“Facebook Live е како в џеб да се има ТВ камера спремна за пренос”
Планот на американските власти за поддршка на банките може да изнесува 500 милијарди долари
Програмата на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш за поддршка на банките, која доцна синоќа беше поднесена во Конгресот со цел да биде одобрена, може да изнесува 500 милијарди долари дури и повеќе, јавија западните медиуми.
Хрватската полиција приведе 95 лица во рамки на операцијата „Индекс“
Хрватската полиција во рамки на масовната операција „Индекс“ приведе 95 лица, осомничени за вмешаност во корупција, јавија хрватските медиуми.
Хакери упаднаа во електронската пошта на Сара Пејлин
Хакери упаднаа во електронската пошта на кандидатот за потпретседател на САД од Републиканската партија Сара Пејлин. Станува збор за една од адресите на Пејлин, која таа ја користела како гувернер на Аљаска на порталот Јаху.
Британската Барклис купува активи на Леман Брадерс за 72 милијарди долари
Британската банка Барклис соопшти дека склучила договор за купување на бизнисот од банкротираната американска инвестициска банка Леман Брадерс.