Прекината доставата на руски гас за Турција и за Бугарија
Доставата на руски гас за Турција преку Украина целосно е запрена, изјави турскиот министер за енергетика Хилми Ѓулер.
Се помалку милијардери на „Форбс“
Новата верзија на список на милијардери на списанието „Форбс“ за 2009 година ќе биде значително пократок, поради стагнација на светската економија.
Во израелската офанзива убиени 512 Палестинци
Крвавиот биланс на 9-дневната офанзива на Израел врз цели во Појасот Газа надмина 500 загинати Палестинци од кои една четвртина се цивили, се вели во податоци на ОН.
ОН загрижени поради можна копнена инвазија на Газа
Специјалниот пратеник за Блискиот Исток Роберт Сери изјави синоќа дека ОН се загрижени од можна копнена инвазија во појасот Газа, што само би го влошило судирот во кој стотици луѓе веќе ги загубија животите.
Еквадор повторно се тресе
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала го погоди Еквадор, соопшти американскиот Геофизички институт. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Романија добива една третина од договорениот руски гас
Романската компанија за пренос на природен гас „Трансгаз“ објави синоќа дека добива една третина од договореното количество руски природен гас преку украинскиот гасовод.
По новогодишната ноќ собрани 41 тон смет од плоштадот Тајмс сквер
Повеќе од 41 тон смет, главно конфети и балони, собраа градските служби за чистота во Њујорк од плоштадот Тајмс сквер по завршувањето на прославата за дочек на Новата 2009 Година.
Хамас ги обнови ракетните напади врз јужните израелски градови
Радикалното палестинско движење „Хамас“ ги обнови ракетите напади врз јужните израелски градови.