Skip to main content
Апр 7, 2022
Генерално собрание на ОН
Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права за време на седницата во Њујорк, објави Би-Би-Си.

Апр 6, 2022
Пандемија
Од 1-ви мај заразените со ковид-19 нема да одат во карантин. Тоа ќе биде само доброволно, соопшти министерот за здравство Карл Лаутербах.

Апр 6, 2022
Ковид болница
Во ковид болница во Солун утринава избувна пожар при што загина едно лице. Противпожарната служба соопшти дека телото било пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау.

Апр 6, 2022
Вселена
Rover Perseverance, кој е на мисија на „Црвената планета“ им помогна на научниците на НАСА да откријат дека звукот на Марс патува побавно.

Апр 5, 2022
Воена криза
Во своето прво обраќање пред Советот за безбедност на ОН, украинскиот претседател Зеленски повика на итно дејствување кон оние што давале криминални наредби за извршување на злосторствата во Буча. По информациите за убиваните цивили во градот, ЕУ најави нови санкции кон Русија.

Апр 5, 2022
Деца заразени со салмонела
„Фереро“, интернационалниот произведувач на слатки, повлекол некои серии на „Киндер изненадување“ чоколадните јајца во Велика Британија поради случаи на инфекција со салмонела кои следеле по консумирање на овој производ, соопштила Агенцијата за безбедност на храна (FSA).

Апр 5, 2022
Несреќа во Унгарија
Неколку луѓе загинале утрово кога камион удрил во воз на југот на Унгарија, соопшти полицијата.

Апр 4, 2022
Пандемија
Подваријантата на Омикрон БА2, официјално потврдена во Албанија откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде биле испратени мостри за анализа, јави дописничката на МИА од Тирана.