Гори товарен брод полн со луксузни автомобили во Атлантикот
Гори товарен брод полн со луксузни автомобили и плови во Атлантскиот Океан откако огнот го принуди екипажот да побегне и да го напушти бродот.
Трамп најави нова социјална мрежа до крајот на месецов
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе лансира сопствена апликација за социјални медиуми, TRUTH Social, за која рече дека „ќе им се спротивстави на големите технолошки“ компании како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи.
Обезглавено тело на маж пронајдено во позната туристичка област
Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Светските медиуми пренесуваат дека полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство.
Рекордни бројки на починати од ковид-19 во Источна Европа
Кризниот центар за борба против коронавирус во Москва, денеска соопшти дека во изминатите 24 часа, како последица од ковид починале 1.105 луѓе, со што бројот на починати од коронавирусот достигна 225.325 од почетокот на пандемијата. Русија е на четврто место по број на починати од ковид, и се наоѓа зад САД, Бразил и Индија.
Се отстранува статуата на Томас Џеферсон во Њујорк
Статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на САД и автор на Декларацијата за независност, ќе биде отстранета од Градското собрание во Њујорк, бидејќи Џеферсон бил робовладетел. Статуата беше поставена во салата на Градското собрание пред повеќе од еден век.
Драма во Мадрид: Луѓе влегле во музеј и се закануваат со самоубиство
Група луѓе кои преживеале масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку Владата не ги исполни нивните барања.
Силен земјотрес во Медитеранот
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот.
НАСА планира да изгради Интернет мрежа на Месечината
НАСА ја разгледува можноста за изградба на лунарна Интернет мрежа. Целта е да се одговори на недостатокот на пристап до Интернет во некои делови на САД и да се помогне на идните мисии на Артемида.