Се урна зграда во Грузија, под урнатините има и деца
Голем број луѓе, вклучувајќи и деца, останале заробени под урнатините на зграда во Грузија.
Во Црна Гора се укинува дигиталната ковид потврда
Владата на Црна Гора одлучи мерките во борбата против корона вирусот да бидат прилагодени на ситуацијата на терен. Затоа, од сабота, 9 октомври, Националниот сертификат за дигитален COVID ќе биде отповикан, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, на денешната прес -конференција на која беше анализирана актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
НАСА ја тестира одбраната на Земјата од можни опасни астероиди
НАСА првпат ќе ја тестира одбраната на Земјата од потенцијално опасни астероиди. Според „Вашингтон пост“, американската вселенска агенција планира да лансира ракета со специјална сонда – „ДАРТ“, којашто ќе се судри со астероид за да ја промени неговата насока. Почетокот на мисијата е закажан за 24 ноември.
Фајзер ќе вакцинира цел град во Бразил против Ковид-19
Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата.
Најмалку 20 загинати во земјотрес во Пакистан
Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди југозападен Пакистан, изјави Насир Насар, шеф на провинциската управа за управување со катастрофи во Балучистан, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Во француска црква од 1950-та година злоставувани 216.000 деца
Истрагата за сексуално злоставување во Француската католичка црква открила дека околу 216.00 деца биле жртви на злоставување од 1950-та година
По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи
Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време.
Фумио Кашида е нов премиер на Јапонија
Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент.