Половина милион вакцини пристигнаа во Косово
Во Косово попладнево пристигна пратката од 503.100 дози анти-ковид вакцини „Фајзер”, кои се донација од Соединетите Американски Држави во рамки на програмата КОВАКС, јави дописникот на МИА од Приштина.
Британски војници извршиле самоубиство по настаните во Авганистан
Некои британски ветерани од војната во Авганистан си го одзедоа животот, погодени и очајни поради хаотичното повлекување на силите предводени од САД и победата на талибанците, изјави денеска министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи.
Влез во Албанија само за прележани од ковид, вакцинирани и со негативен ПЦР тест
Од денеска, во Албанија стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација.
Ковид пропусниците ја изгубија смислата
Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија Бранислав Тиодоровиќ најави нова седница на Кризниот штаб, при што изјави дека досегашниот начин на примена на Ковид пропусниците ја изгубил смислата и дека поддржува единствено целодневна важност на пропусниците.
До 2024 година светот го очекува финансиска катастрофа поради Ковид-19
Светот може да се соочи со финансиска катастрофа слична како онаа во периодот од 2008 и 2009 година. Причина се насобраните проблеми во последните 18 месеци кои се производ од мерките спроведени од владите ширум светот за борба против Ковид-19.
Бразил повлече 12 милиони вакцини „Синовак“
Бразилскиот федерален здравствен регулатор Анвиса ја суспендираше употребата на над 12 милиони дози на вакцината за ковид -19 развиена од кинеската компанија Синовак, и произведена во неовластена фабрика.
50 ФУНТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ КОИ НЕ ДОЦНАТ НА РАБОТА
Технолошкиот гигант Амазон нуди неделен бонус од 50 фунти за вработените на некои локации во Обединетото Кралство, доколку дојдат на работа на време.
Најголемата руска банка се повлекува од Европа
Главната руска банка Сбербанк група денеска соопшти дека се повлекува од европскиот пазар, зашто е погодена од огромните финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, пренесуваат руските новински агенции.