Прогласена вонредна состојба во Њујорк
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио прогласи вонредна состојба откако дождот, по торнадото Ида, предизвика поплава во градот. Вонредната состојба е прогласена во Њујорк.
Патниците од грчкиот брод кој се запали се евакуираат на островот Крф
Спасените патници и членови на екипажот од траектот што се запали додека пловеше од Грција за Италија, се пренесуваат на грчкиот остров Крф, каде што ќе се пребројат, регистрираат и идентификуваат, а паралелно во тек е истрага за евентуални исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.
СЗО: Следи нов сој на коронавирусот, варијантата Ми
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Ми”, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа .
Нов земјотрес во Хрватска
Умерен земјотрес утрово по 9 часот ја потресе пошироката област Шибеник во Хрватска.
НЕВРЕМЕ ГИ ОПУСТОШИ БУДВА И ТИВАТ
Невремето што синоќа ја зафати Црна Гора предизвика огромни штети во автокампот „Бова“ во Шупа во Тиват, а три лица се полесно повредени.
Трагедија : Фудбалски тренер почина по удар од гром
Во текот на фудбалскиот натпревар во село Лесичово во Бугарија се случи голема несреќа, кога гром го погоди и уби тренерот Иван Ранчев.
Северна Кореја го рестартираше нуклеарниот реактор
Северна Кореја го рестартираше нуклеарен реактор за кој се верува дека произвел плутониум за нуклеарно оружје, се наведува во годишниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија при ОН (МААЕ).
Најсилниот ураган патува кон САД
Ураганот Ида, кој се движи од областа на Карипското Море, се приближува кон југоисточниот дел на Соединетите Држави, поради што на жителите на државата Луизијана им беше наредена евакуација.