Skip to main content
Авг 25, 2021

Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син.


Јан 14, 2022

Кралицата му одзеде голем број воени титули и кралското покровителство на принцот Ендрју, соопшти Бакингемската палата. До ова дојде ден откако неговите адвокати не успеаја да убедат американски судија да ја отфрли граѓанската тужба против него во која тој беше обвинет за сексуален напад.


Авг 24, 2021

Талибанците, кон крајот на јули, откако го освоија вториот по големина авганистански град, Кандахар, погубија познат авганистански комичар, кој преку песна и танц ги исмејувал на Тик-Ток.


Авг 24, 2021

Грчката влада не планира воведување на рестрикции за туристите, како затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврдил владиниот портпарол Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинарите. Грција утте ќе соопшти нови мерки, кои се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани.


Авг 24, 2021

Албанската полиција уапси осум лица осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Корча.


Авг 24, 2021

Најмалку десет хотели во Солун вчера примија мејл од непознат испраќач со предупредување дека се поставени бомби што предизвика низа превентивни евакуации и проверки од полицијата, кои траеја до доцна синоќа, за на крај да се покаже дека станува збор за лажна пријава, но и за еден од ретките, а веројатно и прв ваков случај на толку масовни закани и тоа во хотели, јави дописничката на МИА од Атина.


Јан 3, 2022

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот.


Авг 23, 2021

Грчката противпожарна служба испрати хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.