Циклонот од Германија пристигна во Србија
Метеорологот Ѓорѓе Џуриќ на својот Фејсбук профил објави дека циклон кој пристигна над Германија, која беше сериозно погодена од поплавите, пристигна во Србија и најави дека државата ќе биде под циклонот до вторник, со опасност од грмотевици, град и обилни врнежи од дожд.
Емиратите нудат 100.000 визи за програмери од цел свет
Обединетите Арапски Емирати најавиле план кој во рамките на „Националната програма за програмери“ понудат 100.000 златни визи на програмери, за да ја зајакнат својата економија и за да отворат голем број работни места во технолошкиот сектор.
Расте бројот на загинати во пожарот во Ирак
Бројот на загинати во пожарот во ковид болницата во Ирак се зголеми на 66 лица, соопштија здравствените власти.
Франција го казни Гугл поради непочитување на авторски права за вести
Францускиот регулатор за антимонопол го казни Гугл со 500 милиони евра за непочитување на привремените наредби издадени од регулаторот во спорот со медиумите во државата.
Гори грчко летувалиште-Наредена евакуација
Пожар избувна во шумската област Киристос на островот Евија во Грција, но властите сè уште не знаат точно што го предизвика пожарот.
Голем пожар на хрватскиот остров Чиово
На Чиово во Хрватска гори силен пожар, а огнот се распламтел кај заливот Дубока, околу пладне.
Уапсени 55 лица на фестивалот „Егзит“
Српското министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата во Нови Сад, во текот на првиот ден од фестивалот „Егзит“, запленила наркотици од 55 луѓе.
Силна бура го зафати Њујорк
Тропската бура Елза, проследена со поројни дождови и силен ветер, го погоди американскиот град Њујорк и Нова Англија.