Најмалку 31 жртва во авионска несреќа на Филипини
Бројот на загинатите во падот на воен авион на југозападот на Филипини се искачи на 31, пренесува информативниот портал Rappler повикувајќи се на филипинските вооружени сили.
Четворица загинати во пожарот на Кипар
Во катастрофалниот пожар загинаа четири лица, а веројатно станува збор за египетски работници, кои од вчера попладне се водеа за исчезнати и се трагаше по нив, соопшти утрово кипарскиот министер за внатрешни работи Никос Нурис, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради 5G мрежата откажани летови за Америка
Големите меѓународни авиокомпании побрзаа да ги реорганизираат или откажат летовите до Соединетите држави поради загриженоста за безбедноста на летовите. Ова доаѓа по веста дека „AT&T“ и „Verizon“ денеска ќе започнат со воведување на безжичната мрежа 5G, иако и двата оператора рекоа дека ќе ја одложат таа активност.
Во Србија пристигнува супстанца за производство на Спутник вакцини
Претседателот на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ изјави дека утре во Србија ќе биде испратена супстанца за производство на вакцината Спутник Ве на Институтот Торлак, соопшти неговиот кабинет.
Отворени сите гранични премини за Грција, ќе работат нон-стоп
По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина.
Преспа форум за дијалог
На меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Никола Димитров, Македонскиот заменик претседател на Владата, кажа дека не знаеме што да очекуваме во оваа фаза по ставањето вето на Бугарија за отварање на преговорите за влез на Македонија и Албанија во ЕУ.
6 земји од регионот на црната листа по број на починати од ковид
Според податоците на веб страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид во Европа.
Голема експлозија во Лос Анџелес, повредени 16 лица
Девет полицајци и еден федерален агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се повредени во несреќата. Шест цивили се пренесени в болница – тројца со сериозни и тројца со полесни повреди.