500 милиони долари за отштета на семејства на загинати патници издвои Боинг
Авиокомпанијата Боинг создаде фонд од 500 милиони долари за да ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите на Боинг 737 Макс, пренесува Гласот на Америка.
Изгласана недоверба на шведската влада
Владата на шведскиот премиер Стефан Левен не го преживеа гласањето доверба во Парламентот. Сега има две опции – оставка или нови избори.
Грчкиoт пилот кој ја уби сопругата пред својата ќерка пристигна во судот под силно обезбедување
Грчкиот пилот Бабис Анагностопулос (33) денеска се појави пред судот во Атина, поради убиството на неговата сопруга, што го призна, откако повеќе од еден месец тврдеше дека жената починала при брутален грабеж на куќата.
Американската морнарица активираше бомба во океан
Американската морнарица изведувајќи вежба, активираше бомба во океан, по што имаше силна експлозија, пренесува американскиот ,,Нејви“.
Тригодишно девојче од Сараево се задушило со семка од цреша
Тригодишно девојчe, почина во Пале, населба во близина на Сараево, откако се задушило со семка од цреша.
Фејсбук го купи „BigBox VR“ game студио
Facebook купи неколку студија за производство на VR игри во изминатите неколку години, а BigBox VR сега се приклучува на таа група. Студиото е најдобро познато по играта „Population: One“, која се смета за една од најпопуларните игри на системот Oculus Quest 2 VR на Facebook.
Крај на епидемијата во Словенија
Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се само 24 новозаболени лица со Ковид-19 од 1.023 тестирани, поради што Владата одлучи од утре да не ја продолжи состојбата на епидемија.
Грција испрати 20 000 вакцини во Албанија
Од Грција за Албанија денеска заминаа 20.000 вакцини „Астра Зенека“, соопштија, преку социјалните мрежи од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.