Најмалку 20 загинати во земјотрес во Пакистан
Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди југозападен Пакистан, изјави Насир Насар, шеф на провинциската управа за управување со катастрофи во Балучистан, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Во француска црква од 1950-та година злоставувани 216.000 деца
Истрагата за сексуално злоставување во Француската католичка црква открила дека околу 216.00 деца биле жртви на злоставување од 1950-та година
По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи
Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време.
Фумио Кашида е нов премиер на Јапонија
Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент.
Околу 700 килограми кокаин скриен во камион со ракчиња
Француската полиција пресретнала камион со околу 700 килограми кокаин скриен меѓу дваесет тони ракчиња во северозападна Франција.
Сеуште трае кризата за гориво во Британија
Персонал на британската армија ќе почне да доставува гориво до бензинските пумпи ширум земјата од понеделник, соопшти британската влада.
Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога
Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14-то место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45-та во светот, јави РТЦГ.
Лидл во Холандија повеќе нема да продава цигари или тутун
Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари или тутун, објави германскиот синџир продавници.