Skip to main content
Сеп 25, 2021

Три деца, близнаци (момче и девојче) на седумгодишна возраст и син на возраст од четири години синоќа ги задавил со голи раце нивниот татко во луксузниот стан во кој живееле во загребската населба Млиново, по што пукал во себе.


Сеп 21, 2021

Компанијата Фајзер објави дека нејзината вакцина против корона вирусот е ефикасна кај деца од 5 до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе бара одобрување од американските власти за употреба.


Сеп 22, 2021

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град.


Сеп 21, 2021

Вулканот на Ла Палма, остров на северозападниот архипелаг, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотици метри во воздух и испраќајќи ја кон Атлантскиот Океан.


Сеп 20, 2021

Најмалку осум луѓе се убиени, а неколкумина повредени кога вооружен напаѓач отворил оган во Универзитетот во градот Урал во Перм, на околу 1.400 километри источно од Москва, по што бил ликвидиран. 


Сеп 19, 2021

На 67 години по долго и тешко боледување почина најголемиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ, потврди за Телеграф.рс нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.


Сеп 18, 2021

Франција објави дека итно ги отповикува своите амбасадори од Соединетите Американски Држави и Австралија откако официјална Канбера склучи договор за набавка на нуклеарни подморници со САД и Британија со што заврши договорот со Франција за набавка на конвенционални подморници. Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан вчера рече дека нивниот потег е оправдан земајќи ја предвид „сериозноста на соопштението“ испратено од САД и Австралија на 16 септември.


Сеп 17, 2021

Албанскиот парламент ја одобри новата влада во која доминираат жени по пет месеци од одржувањето на парламентарните избори и убедливата победа на Социјалистичката партија која му овозможи на премиерот Еди Рама трет мандат.