До 2024 година светот го очекува финансиска катастрофа поради Ковид-19
Светот може да се соочи со финансиска катастрофа слична како онаа во периодот од 2008 и 2009 година. Причина се насобраните проблеми во последните 18 месеци кои се производ од мерките спроведени од владите ширум светот за борба против Ковид-19.
Бразил повлече 12 милиони вакцини „Синовак“
Бразилскиот федерален здравствен регулатор Анвиса ја суспендираше употребата на над 12 милиони дози на вакцината за ковид -19 развиена од кинеската компанија Синовак, и произведена во неовластена фабрика.
50 ФУНТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ КОИ НЕ ДОЦНАТ НА РАБОТА
Технолошкиот гигант Амазон нуди неделен бонус од 50 фунти за вработените на некои локации во Обединетото Кралство, доколку дојдат на работа на време.
Најголемата руска банка се повлекува од Европа
Главната руска банка Сбербанк група денеска соопшти дека се повлекува од европскиот пазар, зашто е погодена од огромните финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, пренесуваат руските новински агенции.
Антиваксери упаднаа во студиото на словенечката телевизија
Луѓето кои го негираат коронавирусот и се противат на вакцинацијата протестираа во близина на зградата на РТВ Словенија, а потоа дел од демонстрантите влегоа во неа, игнорирајќи ги предупредувањата на чуварите. Потоа провалиле во студиото.
Спутник е новиот град кој ќе се изгради во Русија
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток.
Терористички напад во Нов Зеланд
Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје.
Во Грција шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус
Грчката служба за јавно здравје (ЕОДИ) потврди дека открила шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус, кој внимателно се следи од Светската здравствена организација (СЗО) поради страв дека може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините.