1, 5 тони кокаин откриен во Подгорица
Синоќа црногорската полиција во Подгорица открила рекордно количество на кокаин.
Рекорден број починати од Kовид19 во Русија во последните 24 часа
Руските здравствени власти денеска соопштија дека во последните 24 часа регистрирале 820 починати од Ковид 19 и 19 630 новозаразени во истиот период. Бројот на починати за едно деноноќие е највисок од почетокот на пандемијата досега.
Почина Лане Гутовиќ, познатиот директор Шојиќ
Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син.
Принцот Ендрју остана без кралската титула
Кралицата му одзеде голем број воени титули и кралското покровителство на принцот Ендрју, соопшти Бакингемската палата. До ова дојде ден откако неговите адвокати не успеаја да убедат американски судија да ја отфрли граѓанската тужба против него во која тој беше обвинет за сексуален напад.
Талибанците убија авганистански комичар
Талибанците, кон крајот на јули, откако го освоија вториот по големина авганистански град, Кандахар, погубија познат авганистански комичар, кој преку песна и танц ги исмејувал на Тик-Ток.
Грција нема да ги затвори границите
Грчката влада не планира воведување на рестрикции за туристите, како затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврдил владиниот портпарол Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинарите. Грција утте ќе соопшти нови мерки, кои се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани.
Фрлен солзавец на концерт на Горан Бреговиќ во Корча
Албанската полиција уапси осум лица осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Корча.
Лажни предупредувањата за бомби во хотелите во Солун
Најмалку десет хотели во Солун вчера примија мејл од непознат испраќач со предупредување дека се поставени бомби што предизвика низа превентивни евакуации и проверки од полицијата, кои траеја до доцна синоќа, за на крај да се покаже дека станува збор за лажна пријава, но и за еден од ретките, а веројатно и прв ваков случај на толку масовни закани и тоа во хотели, јави дописничката на МИА од Атина.