САД и Германија ќе објават договор за гасоводот „Северен поток 2“
Соединетите Американски Држави и Германија наредните денови ќе објават договор за решавање на долгогодишниот спор за гасоводот „Северен поток 2“, вреден 11 милијарди долари.
Сè повеќе заразени од Ковид-19 во европските земји
Глобално бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголемил минатата недела, а Европа имала најголем пораст, петта последователна недела, соопшти Светската здравствена организација.
Џеф Безос денеска ќе лета во Вселената
Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, денес ќе патува во вселената со ракетата „Њу Шепард“ на својата компанија „Блу Ориџин“, како дел од екипажот од историскиот суборбитален лет што претставува почеток на новата ера на приватните вселенски патувања.
Пронајдено исчезнатото 4-годишно девојче од Австралија, киднаперот уапсен
Четиригодишно девојченце кое исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмици е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа.
Франција отвори истраги за шпионирањето со „Пегаз“
Франција отвори истрага по наводите дека се шпионирани истражувачки новинари преку израелска програма за набљудување.
Заразен со ковид-19 починал на летот од Истанбул до Хамбург
Екипажот на патнички авион, кој летал од Истанбул за Хамбург, при слетувањето открил дека еден од патниците починал, за кој подоцна се покажало дека е заразен со коронавирус.
Кина обвинета за сајбер нападите на „Microsoft“
Велика Британија, Соединетите Држави и Европската Унија ја обвинија Кина за голем сајбер напад насочен кон серверите на Microsoft на почетокот на оваа година. Во нападот биле опфатени преку четири милиони сервери, пренесува Би-Би-Си.
Лековите за холестерол го намалуваат ризикот од смрт кај заразените со корона вирус
Лековите за намалување на холестеролот можат да ја зголемат можноста за преживување на инфекција со ковид-19 и да го намалат ризикот од развој на потешка форма на болеста, покажуваат новите истражувања.