Сѐ повеќе предмети околу нас стануваат паметни – телефони, часовници, очила, облека, телевизори, а во иднина ќе користиме и куфери и торби кои ќе биде тешко да се изгубат. Паметен куфер веќе порано беше претставен од компанијата Bluesmart (неговата продажба почнува кон крајот на годината), а на развојот на слични серии на паметен багаж соработуваат Samsonite и Samsung. Благодарение на GPS, сопствениците на овие торби секогаш ќе можат да ја следат локацијата на својот багаж, а торбата ќе ги известува и за бројни други корисни информации.
Така, по пат на посебна мобилна апликација, торбата ќе прати информација до сопственикот кога е извадена од авионот па дури и кога е ставена на лентата за превземање на багаж на аеродромите. Исто така, торбата ќе праќа известување ако некој ја отвори без знаење на сопственикот, а може и да се спречи случајната грешка кога торбата завршува во погрешен авион, односно на погрешна дестинација.
Според наведеното, Samsung и Samsonite развиваат технологија со која торбите ќе овозможат автоматско чекирање на аеродромите и тој чип кој ќе биде вграден во самата торба ќе го известува системот на аеродромот кога патникот ќе пристигне во пристаништето, а системот торбата ќе ја поврзе со бројот на лет и со дестинацијата – потоа патниците само ќе ја остават торбата на лентата за мерење на тежина и ќе се добие идентификациска ознака на својот паметен телефон.
Но, и тоа нема да биде сѐ бидејќи куферите и торбите кои ги развиваат овие компании во иднина ќе имаат и свој сопствен погон/мотор за движење и наместо патниците да ги носат или туркаат, торбите сами ќе ги следат своите сопственици. Сепак оваа технологија ќе мора да причека бидејќи Samsonite и Samsung сеуште не направиле доволно мал мотор кој би ги придвижил торбите, а кој не би завземал многу простор.
{loadposition content9}