Паметна картичка со која не се потребни лозинки на телефоните
Паметната картичка Salt го отклучува телефонот штом му се приближите
Ако ви досадило својот паметен телефон секој пат да го отклучувате со внесување на лозинка, овој уред секако е решение за вашиот проблем.
Станува збор за картичката Salt која уредот ќе го отклучи штом се најдете во негова близина, а уредот во облик на кредитна картичка автоматски ќе се заклучи штом се оддалечите 10-тина метри.
Salt по пат на Bluetooth се поврзува со iPhone или Android уредите, а ќе го извести корисникот штом се оддалечи од картичката. Исто така, авторите на овој уред советуваат Salt е најдобро да се чува во паричникот.
Компанијата од Чикаго за финансирање на овој проект на Kickstarter собрала повеќе од 82.000 долари.
Salt има иста должина и тежина како и стандардните кредитни картички, но малку е подебела поради батеријата која го стартува овој уред и има рок на траење од 18 месеци. Цената на Salt е 20 долари, а корисниците можат сами да ја наместат оддалеченоста на која Salt ќе го заклучи/отклучи телефонот.
Повеќе детали за тоа како работи овој уред можете да погледнете на следниот линк Salt.
{loadposition content9}


