Европската централна банка на состанокот на министрите за финансии на еврозоната изјавила дека не е сигурна дали во понеделник грчките банки ќе отворат да работат, со оглед дека Грците се во страв од банкрот на државата и засилено ги вадат своите пари од банките.
Грција мора до 30 јуни да му исплати на ММФ рата од 1,5 милијарди евра, но грчката каса е празна поради што на земјата и се потребни 7,2 милијарди евра понатамошна помош за да не дојде до банкрот и излегување од еврозоната.
Во страв од таков развој на случувањата од грчките банки само од понеделникот до средата биле повлечени околу 2 милијарди евра или 1,5% од вкупно 133,6 милијарди евра колку што граѓаните и правните субјекти чуваат на своите сметки, дознава Reuters од тамошни банкарски кругови.
Претходната седмица, штедачите повлекувале во просек од 200 до 300 милиони евра дневно.
“Наредните две недели се од клучно значење за земјата и банките. Владата мора што побрзо да дојде до договор со кредиторите”, изјавил еден неименуван извор од грчка банка.
На вчерашната седница на министрите за финансии на еврозоната, затворена за јавноста, Reuters дознава дека на претставниците на ECB им било поставено прашањето: “Дали грчикте банки можат во петок да работат”?. “Во петок можат. Во понеделник не сум сигурен”, рекол Benoit Coeure, член на извршниот одбор на Европската централна банка.