Skip to main content

Папата Бенедикт Шеснаесетти се обрати за последен пат

Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници.

 |  Голабовски Крсте  | 
papata benedikt
папата бенедикт

Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници.

Презедов тежок товар кога дојдов на оваа функција во 2005 година, но Бог ме водеше и го чувствував неговото присуство секој ден. Верувам во иднината на црквата. Се повлекувам за нејзино добро, а не за свое – порача папата Бенедикт Шесенасетти.

papata benediktТој претходно јасно порача дека се повлекува во мирен живот, исполнет со молитви и со медитирање, но се смета дека во Ватикан и понатаму ќе биде многу присутен, бидејќи неговиот дом се наоѓа веднаш до влезот во ватиканското радио. Во своето последно обраќање папата ги повика верниците да имаат храброст за носење тешки и болни одлуки.

Бенедикт Шеснаесетти е првиот папа во изминатите 600 години што поднел оставка на функцијата поглавар на Римокатоличката црква.

{loadposition content9}