Skip to main content

Победа на зелените демонстранти

Париз одлучи да не сече дрвја, демонстранти слават

Демостранти во Париз слават откако успеаја да спасат од сеча 42 дрвја меѓу кои и величествениот чинар во близина на подножјето на Ајфловата кула, еден од стотиците засадени во Франција во 1814 година под инструкции на Наполеон Бонапарта.
 |  инфодеск  | 
Дрвја Париз

Демонстранти во Париз слават откако успеаја да спасат сеча на повеќе од 40 дрвја околу Ајфеловата кула што влегуваше во проектот вреден 72 милиони евра за создавање огромна градина. Едно од спасените дрвја е старо над 200 години, јавува Гардијан.

По неколку неделни протести на демонстранти вклучувајќи и штрајкови со глад, властите рекоа дека ќе ја разгледаат можноста за судбината на дрвјата. Денес оттаму кажаа дека „екстремниот сензибилитет“ од сечењето на дрвјата ги убедил да се откажат од идејата.

Фото: Tomas Coex/ Getty images

Станува збор за план за реконструкција на пределот околу Кулата, што требаше да вклучи забрана на движење на возила освен јавен превоз, како и креирање велосипедски патеки и серија паркови што ќе им ја врати областа на посетителите.

Сепак, тоа наиде на критика откако граѓаните дознаа дека реконструкцискиот план значи и сеча на 42 добро воспоставени дрвја и закана за кореновиот систем на величествениот чинар во близина на подножјето на Ајфловата кула, еден од стотиците засадени во Франција во 1814 година под инструкции на Наполеон Бонапарта.

Заменикот градоначалник на Париз, Емануел Грегоар рече дека планот за изградба треба целосно да се ревидира со цел да се заштитат дрвјата.

Противниците на планот рекоа дека и оваа недела ќе поднесат формално барање против издавање на било какви градежни дозволи како мерка за претпазливост.