Skip to main content

Парламентарните избори во Албанија не ги исполнија стандардите

Парламентарните избори што во Албанија се одржаа кон крајот на јуни, имаа прогрес, но не ги исполнија највисоките стандарди.

 |  Крсте Голабовски  | 
ocenka
оценка

Парламентарните избори што во Албанија се одржаа кон крајот на јуни, имаа прогрес, но не ги исполнија највисоките стандарди.

Sali BerisaОва е оценката на набљудувачката мисија на ОБСЕ, објавена во завршниот извештај за изборите во Албанија.

Прогрес е забележан во однос на евидентирање на гласачкото тело, процесот на идентификација на избирачите, законската регулатива и денот на гласањето.

Но сепак забележана е и политизација на изборниот процес, блокирање на броењето на гласовите во неколку изборни зони и слично.

Во извештајот се наведува и дека не се евидентирани манипулации со гласовите.

Мисијата на ОБСЕ албанските избори ги набљудуваше со над 400 свои активисти.

{loadposition content9}