Skip to main content

Педофилијата, ориентација, состојба или болест?

Хетеро, хомо, би, транс и… педофили? Да, двајца канадски експерти велат дека педофилијата е сексуална ориентација, која барем делумно е поврзана со мозокот, пишува „Торонто стар“.

 |  Голабовски Крсте  | 
dete na kompjuter
дете на компјутер

Хетеро, хомо, би, транс и… педофили? Да, двајца канадски експерти велат дека педофилијата е сексуална ориентација, која барем делумно е поврзана со мозокот, пишува „Торонто стар“.

dete„Сè потешко и потешко е педофилијата да се објасни само како последица на трауми од детството“, вели Џејмс Кантор од Центарот за зависности и ментално здравје. „Тоа е или чисто биолошко или комбинација од биолошко и искуствено.“

Неговите докази: педофилите вообичаено се пониски, леваци се или исто ги користат обете раце, имаат малку понизок коефициент на интелигенција и повреди на главите од детството што Кантор ги опишува како резултат на несмасност.

Тој вели дека и сексуалните злосторници се поинакви од другите криминалци, односно имаат помалку сврзно ткиво во мозокот.
Но Кантор и неговиот поранешен колега, Мајкл Сето, јасно ги разликуваат педофилите од сексуалните злосторници.

„Не се педофили сите сексуални злосторници чии жртви се децата, и не се сите педофили сексуални злосторници“, вели Сето.

„Постои голем јаз во смисла на спречувањето на злосторствата“, вели Сето. „Како да допреме до луѓето што се сексуално привлечени од деца и се свесни за тоа?“

{loadposition content9}